Мик Шумахер за неговата посебна врска со Себастијан Фетел и на кој начин му помага во Ф1

Возачот на ХАС, Мик Шумахер, на последното ГП, кое се оддржа во Британија на патеката Силверстоун, ги освои своите први бодови во својата Ф1 кариера.

Гледајки на тоа дека е син на седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер, неговото презиме во овој спорт е со сериозен багаж зад себе и носи свои одговорности.

По трката на Силверстоун, Себастијан Фетел беше еден од првите кои му честитаа на големиот успех, а на тоа Мик Шумахер имаше јасна изјава, односно формулација.

Мислам дека тоа што татко ми беше за Себастијан некогаш, Себастијан е тоа сега за мене“, порача Шумахер.