Мик Шумахер сподели интересна анегдота со неговиот татко – разговор кој се уште го памети

Семејството Шумахер е повторно дел од компанијата Ферари.

Без оглед на тоа што сега го нема големиот шампион Михаел Шумахер, кој подолг период се опоравува од тешките последици по падот на алпите во Франција, во базата на Маранело од пред некој ден, зачекори неговиот син, Мик Шумахер.

Младиот Шумахер кој неодамна стана шампион во Формула3, потпиша долгогодишен договор со Ферари, тим во кој неговиот татко ги оствари најголемите успеси во кариерата.

Горд сум што сум син на најголемиот возач во Формула 1 историјата. Тркањето е во крвта на мојата фамилија, обожавав во минатото да возам картингсо таткоми. Се сеќавам дека еднаш ме праша дали тркањето сакам да ми биде хоби или да станам професионален возач. Веднаш му реков дека сакам да бидам голем и профи возач, никогаш не сакав да се занимавам со нешто друго освен ова“, порача Мик.

Тој исто така истакна дека му е тешко да го гледа патот кон кој сега се движи неговиот татко, но и пат кој мора да го оди, поради сопствена промоција во овој авто-мото спорт.

Да, понекогаш е тешко тоа, тешко е да си син на таков шампион, постојат добри и лоши страни, но имаме поддршка од сите луѓе низ светот, поради тоа сум им бескрајно благодарен“, се надоврза младиот Мик Шумахер.