Мик Шумахер ќе почне со Хас – но, тој посакувал нешто друго во Ф1

Мик Шумахер жали поради тоа што во следната сезона во Ф1, нема да биде дел од таборот на Алфа Ромео со Кими Раиконен.

Веќе се знае дека кариерата во Ф1 ќе ја почне со Хас, но очигледно синот на Михаел Шумахер имал друга замисла.

Само малку трпение, тргнува за најмногу две недели“, порача Гинтер Штајнер, сопственикот на Хас.

Од друга страна, своја изјава даде и дебитантот во Ф1 од идната сезона:

„Искрено, сакав да возам во тимот со Кими Раиконен. За мене тоа би било неверојатно искуство. Меѓутоа, Алфа Ромео одлучи тоа што одлучи. Се во животот се случува со причина“, порача Мик Шумахер.