„Ми рече дека ќе бидам возач на автобус, а не светски шампион“

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, опиша како неговиот татко Џос, поранешен Формула 1 возач, се обидел да го мотивира да работи на развивање на своите тркачки вештини.

Холанѓанецот минатата сезона го оствари својот сон и стана светски шампион, а по десет трки е лидер во актуелниот шампионат со 181 бод.

Првиот зад него, клупски колега, Серхи Перез има 34 бода помалку, а трет е возачот на Ферари, Шарл Леклер со 138.

„Татко ми никогаш не рече дека ќе станам шампион. Ми рече дека ќе станам возач на камион или автобус. На мојот пат кон Формула 1, никогаш не работев доволно во неговите очи. Мислеше дека сум поопуштен од него во однос на пристапот кон тркачкиот викенд“, изјави Макс Верстапен.