Метеус шокиран поради Меси: Не разбирам

Поранешниот тренер на Партизан, Лотар Матеус и поранешниот освојувач на Златната топка, не се согласи со изборот наградата да му се додели на Лионел Меси.

Легендарниот Германец смета дека Роберт Левандовски заслужил да биде лауреат, пред ѕвездата на Пари Сен Жермен.

„Искрено, веќе ништо не разбирам“, се шокираше Матеус кога го виде добитникот на Златната топка.

Најдобриот фудбалер на планетата во 1990 година

„Со сета почит кон Меси и другите истакнати фудбалери, тој не ја заслужи наградата колку Левандовски“, јасен беше консултантот на телевизијата „Скај“.