Металург во обид да дојде до втората победа во ЛШ

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ВИП Арена го игра дуелот од седмото коло од Лигата на шампионите. Металург во неделата ја постигна првата победа во ова натпреварување совладувајќи го Чеховски Медведи, но вчера избраниците на тренерот Данило Брестовац имаа непријатно изненадување и загубија од романска Стеауа во рамките на СЕХА лигата.

Прашање е сега, колку Брестовац ќе најде сили кај неговите играчи во пет дена да одиграа трет натпревар на потребното ниво. Ростерот е нешто поголем и со тројцата нови играчи, кои се и поискусни, но сепак временската дистанца меѓу дуелите е голем хендикеп за тимот од Автокоманда.
На првиот дуел одигран во Лисабон Спортинг победи со 34:26.

На денешниот дуел за Металург ќе играат: Јагуриновски, Лазаревски, Димитриоски, Токиќ, Шилегов, Томовски, Танкоски, Серафимов, Даниловски, Шпенде, Велковски, Рибеиро, Пучник, Миличевиќ, Маџовски и Арсеновски.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Со 30 добри минути не се победува Барселона – Вардар се загуби во вториот дел, цепелинот најдобра акција

Еурофарм Работник патува во Берн со +10 за реванш пресметката (29:19)

ВИДЕО: Вардар со гол негатива во Блауграна – Милосављев херој, Дисингер со луциден лоб-гол

Нов пораз во Лигата на шампионите: Металург загуби и од Бешикташ

Парондо: Мораме да го подобриме нападот против Барселона

(ВИДЕО) ЕХФ му симна капа на Скубе: Вардарецот е симбол за фер-плеј

Лазаров со добар учинок – Нант забележа нова победа во Франција

ПСЖ ја гази конкуренцијата во ЛШ – се е полесно кога за кормилар го имате Раул!

Девет од девет за Еурофарм Работник по 9 кола