Металург повторно гради моќен тим: Се врати еден од најдобрите ракометари од „златната“ генерација

Жарко Пешевски денес и официјално беше промовиран во ново засилување на Мотор Запорожје од Украина, а нашиот вице-шампион Металург не чекаше многу за да ја пронајде неговата замена.

Во Автокоманда по 5 години пауза се враќа добро позатиот лик, Младен Ракчевиќ. Пивотменот од Црна Гора откако во 2013 година си замина од Металург настапуваше за АЕК во Грција, а потоа и во Романија за Констанца и Добоџеа Суд.

Во својата кариера Ракчевиќ цели четири години во период од 2005 до 2009 играше и за Вардар.

Покрај Ракчевиќ кој со своето искуство и 36 години треба да биде големо засилување, доведе и млад и надежен кружен напаѓач. Станува збор за јуниорскиот репрезентативец на Хрцатска,  Адријан Миличевиќ, кој доаѓа од Пореч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тинекс Пролет против шампионот на Чешка во 2. коло од ЕХФ купот

ЖРК Куманово и Пелистер ги добија противниците во Челинџ Купот

Вардар го потврди новиот ракометар во свои редови

Ракометарот Карабатиќ: Со болка во срцето, ќе навивам за….

Брестовац го заврши претстојот во Луксембург

Горбок се врати во Вардар

РК Вардар продолжи договори со четири играчи

Голман од Македонија ќе ја брани Ница

Вујовиќ со Железничар го комплетираа составот на турнирот „Струга 2018“