Металург отпушти еден од интернационалците

Од Металург вчера информираа дека го ослободи од обврските грузискиот бек Иракли Кбилашвили и ослободи место за нов странски играч надвор од квотата 1.

“Му се заблагодаривме на Иракли Кбилашвили за соработката и му посакуваме успех во понатамошната кариера. Ние продолжуваме со преговори со играчи за пополнување на таа позиција, но со поквалитетни и поискусни такометари што можат да се вклопат во сегашниот тим, но и правилото односно квотата на РФМ за странци“ вели претседателката Зорица Блажевска и додава:

Металург во моментов на таа позиција го има Стефан Додиќ, млад и талентиран ракометар на кого му дадовме предност и кој треба да добие шанса да игра порај поискусен ракометар од кого ќе учи и ќе напредува“.