Металург и Е. Пелистер ќе почекаат уште еден ден за ждрепката во Лигата на Европа

Металург и Еурофарм Пелистер денеска требаше да ги дознаат своите противници во групната фаза од Лигата на Европа, но ЕХФ ја одложи ждрепката за утре (петок).

Двата македонски тима требаше денеска да ги дознаат противниците од групната фаза во новоформираното натпреварување на ЕХФ, но коронавирусот направи проблем и во Лигата на Европа.

Причина за одложување на ждрепката е позитивен случај на коронавирус кај еден член од техничкиот персонал на ЕХФ кој е задолжен за спроведување на протоколи.

Со оглед на тоа дека повеќе лица биле во контакт и потребна е неопходна изолација, ЕХФ имала многу кратко време да делува и да реагира, па на крајот одлучи ждрепката да биде одложена за утре од 11:00 часот.