Металург и Бутел ги донзаа ривалите во квалификациите за Европа лига

Денес во просториите на ЕХФ беше одржана ждребување за паровите од првото кавлификационо коло во Европа лига каде што се најдоа две македонски екипи.

Скопските Металург и Бутел ги дознаа ривалите кои како прва пречка на патот до групната фаза ќе треба да се минат.

Составот од Автокоманда за противник го доби тимот на Спачва Винковац од Хрватска, додека Бутел ќе ги одмери силите со Ѓунѓеш од Унгарија.

Натпреварите од првото коло од квалификациите за закажани за термините на 29/30 август и 5/6 септември. Како штое познато, Еурофарм Пелистер има директно место во групната фаза на ова натпреварување.