Металург ги „запали“ моторите под водство на Брестовац

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладнево во својот „дом“ во салата Автокоманда под водство на новиот тренер Данило Брестовац го имаше првиот собир за новата сезона. По осум сезони на клупата на Металург дојде до промена откако си замина Лино Червар.

Но, првите денови од подготовките „металурзите“ ќе бидат без првиот тренинг Брестовац, кој како селектор со кадетската репрезентација на Македонија ќе замине на ЕХФ шампионатот во Грузија. Деновите до враќањето на Брестовац со тимот ќе работат неговите помошници Оливер Димитриоски и Петар Мисовски. Металург во Скопје ќе тренира до среда, а во четврток се заминува на висински подготовки во Маврово.

Екипата на 18.август во Струга ќе го одигра и Супер купот против Вардар.

На првиот тренинг беа присутни новите играчи: Лука Стојановиќ, Андрија Миличевиќ, Томислав Јагуриновски и Бојан Маџовски.

Од четврток на тренинзите ќе биде и најдобриот стрелец од ланската сезона од СЕХА лигата хрватскиот репрезентативец Халил Јагањац, кој со својата репрезентација ова лето учествуваше на Медитеранскте игри во Тарагона и на ЕП во Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови проблеми за Вардар – Парондо итно бара две нови засилување

Стартува 46.то издание на ракометниот турнир во Струга

Еурофарм Работник го потврди новиот договор на талентираниот Каковски

Познат десеттиот учесник за новата сезона: СЕХА лигата се проширува во Романија

Македонија ја победи Швајцарија за лидерска позиција и полуфинале на ЕХФ шампионатот

Македонија со драматичен триумф – Костески со гол за победа во последните секунди

Лајпциг е третата германска екипа противник на Вардар на турнирот во Германија

Вардар со Парондо го демолира Фуксе Берлин

Кадетите го најдоа рецептот за Луксембург кој го победија во финишот