Металург добива големо засилување: Искусниот репрезентативец во Автокоманда

Екипата на Металург по ангажамнот на новиот тренер Кастратовиќ, го доби и првото засилување во името на искусниот македонски репрезентативец, Велко Маркоски.

Во пресрет на двата натпревари од третото коло на Купот на ЕХФ против екипата на Горење од Словенија, тимот од Автокоманда се засилува со специјалистот за одбрана.

Како што е познато, Велко по раздеблата со Доброгеа Суд од Констанца во Романија, неколку месеци беше ангажман, но во вистинско време се враќа на ракометниот терен и сигурно ќе биде од големо значење во дефанзивата на Металург, а со тоа ќе влезе во ритам и за Европското првенство, кое се игра во јануари следната година.

Маркоски кариерата ја започна во Вардар, а од 2010 до 2015 година ги бранеше боите на Металург каде што се враќа сега. Краток период настапуваше за Зомимак М и Работнички, а својата прва интернационална кариера ја започна во ППД Загреб, од каде замина за Романија.