Металург доби добра ждрепка – ќе патува во Луцерн

Металург денеска го доби својот противник за квалификациите, односно второто квалификациско коло за Лига Европа.

Во последната квалификациска рунда, Металург ќе налета на швајцарскиот ракометен клуб Криенс од Луцерн, кој може да биде елиминиран од македонскиот претставник.

Првиот меч е закажан за 22 септември и Металург ќе ја има домашната предност, додека реваншот ќе се одигра за една недела подоцна на гостински терен.

Тимот од Автокоманда кој е предводен од искусниот Зоран Кастратовиќ, ќе има што да покаже и докаже во овој меч, а веројатно и ќе има блага предност според обложувалниците.