Меси со прво интервју по „Златната топка“: Ми падна тешко кога Роналдо се израмни со мене

Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси синоќа по шести пат се закити со „Златната топка“.

Со тоа Меси стана рекордер според бројот на освоени награди, додека Роналдо остана зад него со пет. Португалецот синоќа не сакаше ни да се појави во Париз, бидејќи во Италија беше сигурен дека ќе добие награда за најдобар играч во Серија А.

Во интервју за „Франс Фудбал“, кој ја доделува „Златната топка“, капитенот на Барселона признава дека не му било сеедно што Роналдо го стигнал по бројот на освоени „Златни топки“.

„Од една страна, уживав да бидам единствениот играч со пет награди. Кога Кристијано ме стигна, морам да признаам дека малку ме болеше бидејќи веќе не бев сам на врвот. Но, тоа е логично, бидејќи Кристијано заслужуваше да ја освои ’Златната топка’ и немав што многу да направам. Го разбирам тоа. Не ги остваривме нашите цели да ја освоиме ЛШ, а тоа е натпреварување кое ви дава најмногу шанси за ’Златната топка’. Кога Кристијано ги освојуваше сите тие награди, тоа беше бидејќи имаше одлични сезони и ја освојуваше Лигата на шампионите, што беше одлучувачки фактор во сето тоа“.

На прашањето дали тој е најдобриот фудбалер во историјата, Меси признава дека не го знае одговорот.

„Тоа е навистина тешко да се каже. Во други временски период имало и други големи играчи и тешко е да ги споредам со мене, Роналдо, Нејмар, Мбапе… Секоја личност има некои свои вредности. Искрено, не знам дали сум баш јас најдобриот во историјата на ова игра. Не знам ни кој е најдобриот. Јас создавам шанси на теренот, не сум голгетер. Само имав среќа повторно да ја освојам ’Златната топка’ и среќен сум што ги имам вкупно шест, повеќе од било кој друг“, додаде Аргентинецот.