Меси признава: Ел Класико не е така посебно кога не е тука Кристијано!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, истакна дека Ел Класико веќе не е така специјално кога во него го нема Кристијано Роналдо.

Роналдо кој втора сезона настапува во Серија А, во тимот на Јувентус, на многумина им недостасува во Шпанија, па вклучително и на Аргентинецот.

Напаѓачот на Барселона истакна дека Ел Класико бил некогаш посебен затоа што Роналдо бил дел од тој натпревар.

Тоа секогаш беше посебен дуел и ќе остане. Тоа траеше многу години, но сигурно не е исто кога Кристијано Роналдо не игра за Реал Мадрид. Спортските дуели меѓу нас двајцата секогаш биле посебно и на едно високо ниво. Очигледно дека кога Кристијано беше дел од Реал Мадрид, Ел Класико беше посебен дуел“, истакна Меси.