Меси призна: Сакав да си одам од Барса!

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси првпат призна дека во 2017 година размислувал за заминување од Барселона.

Причина за тоа не биле евентуални несогласувања со челниците на клубот, како што се шпекулираше, туку проблеми со даночните власти во Шпанија.

„Тогаш сакав да си одам не само од Барселона, туку од Шпанија. Чувствував дека не се однесуваат праведно кон мене и не сакав да останам повеќе. Но, никогаш не добив официјална понуда од никого затоа што сите знаеја дека ја сакам само Барселона. Тоа беше многу тежок период за мене и семејството. За среќа помина и денес мислам дека за останување тука до крајот на кариерата“, призна Меси.

Од истите причини, една година подоцна Шпанија ја напушти Кристијано Роналдо кој одлучи кариерата да ја продолжи во италијанското првенство.