Меси објаснува зошто гласал за Садио Мане: Има многу одлични играчи, но…

Лионел Меси во понеделникот се закити со нова „Златна топка“. Тоа беше шести пат престижната награда да заврши во неговите раце.

Пред наградата на „Франс Фудбал“, Меси се закити и со наградата „Бест“ на ФИФА за 2019. година.

Интересно, Меси, кога станува збор за наградата „Бест“, гласаше за офанзивецот на Ливерпул, Садио Мане.

За време на гала вечерта при доделувањето на „Златната топка“, еден новинар го потсети Меси дека гласал за Мане, па го интересираше зошто асот на Барселона го дал својот глас токму за Сенегалецот.

„Оваа сезона имаше многу одлични играчи, но јас го избрав Мане бидејќи тој е играч кој навистина уживам да го гледам. Имаше одлична година со Ливерпул“, изјави Лионел Меси.