Меси има луда статистика, но и една рана: Од 85 ривали во кариерата, победил 84, само еден клуб нема никогаш да го победи

Лионел Меси и неговите луди бројки. Од меч во меч паѓа некој нов рекорд. Така беше и против Лион во средата вечер, кога Барселона со победата од 5:1 по 12. пат во низа успеа да се квалификува во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Земајќи ги предвид годините на Меси, нивото на квалитет на неговите игри би требало да опаѓа, така барем природата „налага“. Меѓутоа, Аргентинецот им пркоси на сите закони, па и на природните. Тој во дуелот со францускиот тим дојде до 476. победа во дресот на Барселона, со што го израмни рекордот кој дотогаш го држеше Чави. Јасно е, наскоро и ќе го престигне…

По повод овој податок каталонските медиуми „прочепкаа“ во клупските архиви и дојдоа до неверојатна статистика: Во текот на своето 15-годишно играње за првиот тим на Барселона Лео Меси играл против 85 различни клубови и против 84 успеал да слави барем еднаш успеал да ги победи. Само еден тим на целиот свет може да се пофали со фактот дека успеал да избегне пораз кога играл против еден од најдобрите живи играчи на планетата. И сега веројатно се прашувате кој е тој клуб… Тоа име нема да ви значи многу, но за фудбалерите на тој тим од сезоната 2004/05 победата над Барселона во Кралскиот Куп сигурно е најголемиот успех во нивните кариери. И им значи многу. УДА Граменет е името на клубот кој Лео Меси никогаш не го победил и веројатно никогаш и нема да успее во тоа. Од проста причина што Граменет, тогаш екипа од Сегунда Б, падна во аматерски ранг на натпреварување.

Од друга страна, најредовна жртва на Меси е Севиља. Со него во тимот Каталонците ги победиле Андалузијците 28 пати…

Совладувајќи го Лион во средата Аргентинецот не само што го стигна Чави по бројот на победи, туку тоа го направи од многу помалку обиди. Само 673 наспроти 767. Процентот на успешност на Меси е 71 процент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Челси веќе решиле кому ќе припадне 10-та на Азар?

Зидан го потврди она што се зборува на големо за Бејл во Мадрид

Бејл дури и од клупа денеска, успеа да ги налути навивачите на Реал Мадрид

Титулата на Сити во Купот го спаси Јунајтед од големи претумбации ова лето

ВИДЕО: Реал Мадрид со нов пораз ја заврши кошмарната сезона

Избрани најдобрите играчи за сезоната 2018/19 во Серија А

Милан се пазари со УЕФА: Ако не влезат во ЛШ да не играат ЛЕ и да се смета како казна

Крај на една ера: Компани си замина од Сити по 11 години

Простување од Мадрид: „АС“ ја објави листата на играчи кои последен пат ќе играт за Реал