Меси и Интер – не е шега: Аргентинците пишуваат, а поранешните играчи велат дека е возможно!

Веста дека Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона, реално, ќе предизвика неверување кај било кој фудбалски вљубеник. Тоа и понатаму е многу далеку од реалноста, но Масимо Морати не би излегол пред два дена и јавно да каже дека би сакал да го доведе Аргентинецот во Интер.

„Меси влегува во последната година од договорот и сигурно ќе има обиди да го доведеме. Не знам дали оваа ситуација околу вирусот нешто менува, но ми се чини дека ќе видиме некои чудни работи кон крајот на годината“, изјави претседателот на Интер.

Денеска целата приказна добива продолжение.

Според аргентинската телевизија „ТНТ Спортс“, „Нероазурите“ се подготвени да започнат преговори со Меси. И не е само тој мета, туку и фудбалерот на Велез Тијаго Алмада. Сето тоа за следната сезона.

Новинарот на „ТНТ“, Мартин Кастиља, вели дека постои можност трансферот да биде реализиран и дека тоа не е само сон. Меси би го обновил големото ривалство со Кристијано Роналдо во случај да прејде во Интер.

Меѓутоа, се истакнува дека Меси има понуда и од Њуелс Олд Бојс, клубот од родниот град. Така што делува дека Лео е на крстопат, а добро се знае дека неговиот однос со луѓето од Барселона не е на највисоко ниво во последно време.

Меси има уште една година од договорот со Барселона, а сегашниот договор го прави најплатениот играч на светот според кој бруто добива 70.000.000 евра годишно. Истиот новинар кој пишува дека интересот на Интер е сериозен додава и дека Интер е многу блиску до доведувањето на Алмада од Велез за околу 25.000.000 евра. Станува збор за играч кој игра како офанзивен играч за врска, крило и се смета за огромен талент бидејќи веќе даде девет гола на 45 натпревари за првиот тим.

Но, да се вратиме на Меси…

Оваа приказна околу Интер и Лео Меси може и не мора да биде на крајот реализирана, но секако привлекува внимание. ПОради тоа се јави и поранешниот играч на Интер, Бенао Кое.

„Секако дека Интер може да го купи Лионел Меси, во тоа нема сомнежи дека може. Претседателот Женг има финансиски средства, има и потенцијал и амбиција. Тој е претседател кој размислува за големи работи“, изјави Кое.

Интер е блиску да излезе од ограничувањата на финансискиот фер-плеј, така што во теорија во иднина би можел повеќе да троши. Веќе Интер плати 65.000.000 евра за да го доведе Ромелу Лукаку, а би можел евентуално да го искористи Лаутаро Мартинез како дел од размената за Меси.