Мешковска до родителите на малот Марко: Пред да го ставите детскиот живот во опасност…

Поранешната прославена македонска пливачка Наташа Мешковска на својот профил на „Фејсбук“ се огласи по повод обидот на малиот Марко од Охрид да преплива 64 километри.

За разлика од многумината кои му дадоа поддршка и го поддржа, малиот херој, таа упати критики до неколку места:

„Почитувани пријатели, дали Марко можеше да плива 10км, за подигање на свеста?

Кој одлучи дека треба да плива токму 64км?

Кој е докторот кој даде одобрување за вакво нешто?

Со кој памет федерацијата го одобри и подржа настанот?

Најдобронамерно, апел до родителите и тимот ( ако воопшто го има), во иднина, консултирајте стручни лица пред да го ставите детскиот живот во опасност! Ако не им верувате на нашите , консултирајте било кој од фелата во регионот“, напиша Мешковски.