Мерцедес срамежливо признава: Имаме сериозен конкурент, може да ја загубиме титулата

Ред Бул ќе ја освои титулата годинава доколку не го подобриме нашиот W12 болид, кој на првата трка беше доста побавен“, тврди еден од директорите на Мерцедес, Ендру Шовлин.

Мерцедес покажа предност во трошењето на гумите, но Шовлин смета дека што поскоро мораат да го подобрат болидот доколку сакаат да останат во игра.

Би сакал да мислам дека можеме да ги ставиме под притисок на некоја трка. Не знам дали имавме болид за победа на последната трка, не знаеме уште многу за ривалот, не знаеме колку Макс притискаше. Гледајки ги секторите кои Луис ги возеше и каде бевме во свиоците, ми се чини дека им се доближуваме“, истакна Ендру Шовлин.

Актуелниот светскиот шампион Хамилтон им водство од само еден бод пред Верстапен по првите две трки. Следна трка е на програмата во Португалија на 2 мај.