Мерцедес создава „дрим тим“ во Формула 1

Од следната сезона Формула 1 би можела да го добие најтрофејниот возачки состав во историјата.

Себастијан Фетел вчера потврди дека на крајот од 2020 година, по истекот на договорот, ќе го напушти Ферари, па германските медиуми веднаш започнаа со шпекулации за неговата иднина.

Британски „Дејли Мејл“ пренесува и дека Мерцедес веднаш тргнал во акција и сака да го доведе Фетел да му биде партнер на Луис Хамилтон откако на Валтери Ботас ќе му истече договорот.

„Себастијан е фантастичен возач, важна личност и засилување за секој Формула 1 тим“, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

„Гледајќи во иднината, нашата лојалност е поврзана за актуелните возачи на Мерцедес, но природно е сега во предвид да се земе и можното доаѓање на Фетел“, додаде тој.

Планот на Мерцедес е до крајот на сезоната да се продолжи договорот со Хамилтон, додека иднината на Ботас е под знак прашалник, особено по одлуката на Фетел да го напушти Ферари со тоа што не е исклучено и Германецот да се пензионира.

Германецот во Ферари би требало да го замени Карлос Саинц кој би заработувал 10 милиони фунти годишно, три пати помалку од она што го нара Хамилтон.