Мерцедес призна за моментот кој му ја спаси трката на Хамилтон во Силверстоун

Мерцедес истакна дека постоеле сомнежи кај нив дека Хамилтон нема да можел да ја заврши трката со оштетувањето кое го имаше на предниот дел од болидот по инцидентот со Верстапен.

Веднаш по колезијата со холандскиот возач, на трката беше покажано црвено знаме со кое трката беше прекината на триесетина минути.

Мерцедес дефектот успеа да го санира за неколку минути и потоа се беше во ред, но доколку трката продолжеше, прашање каков ќе беше исходот од самата трка.

Веројатно ќе имавме откажување на Хамилтон доколку не се појавеше црвено знаме. Но остатокот од штетата беше неочекувано мал, сензорите за температура беа откачени, а тоа беше единствениот дефект на предното крило“, порачаа од Мерцедес.