Мерцедес испрати барање до ФИА за инцидентот со Верстапен – денеска добија одговор

Денеска и дефинитивно е одбиено барањето на Мерцедес за прегледување на спорната снимка во Бразил од дуелот помеѓу Верстапен и Луис Хамилтон.

Иако Британецот победи на трката во Бразил, сепак од Мерцедес сметаат дека има елементи за дополнително да му наштетат на пласманот на Макс Верстапен, за кого сметаат дека премногу широко влегол во свиокот кај спорниот дуел по стартно-целната рамнина, но денеска и официјално од арбитражата во ФИА, беше одбиен предлогот на Мерцедес.

Хамилтон водеше жестока борба за првата позиција, а спорниот момент се случи во 48 круг, за некој круг подоцна Хамилтон веќе да го мине побавниот Верстапен и да дојде до важната победа.

Овој инцидент беше најавено дека ќе се разгледува по трката и така беше направено, стјуардите на ФИА проценија дека немало ништо лошо и со намера од страна на Макс Верстапен.

Таквиот став судиите од ФИА го темелат по согледување на предната камера од болидот на Макс Верстапен.