Хамилтон со соло трка до победа во Шпанија – Мерцедес со „еден-два“ – Ферари извиси за подиум

312

Британскиот возач Луис Хамилтон по извозената соло трка во Каталуња, оствари нова победа оваа сезона, со која дополнително се наметнува сезонава против Ферари.

Со оваа победа, Хамилтон дополнително се зацврсти на врвот од генералниот поредок до 95 бодови, пред второпласираниот Фетел кој има 78 бодови.

По мешаницата на почеток од трката и безбедносното возило, на врвот остана скоро се исто освен претекнувањето на Фетел против Ботас на втората позиција.

Ферари имаше пех со Кими Раиконен кој беше принуден да се откаже од трката поради сериозен дефект во болидот на Финецот, па Ферари остана со еден болид до крајот на трката.

На крајот, Фетел не успеа дури да дојде ни до подиумот, бидејки таму освен за Хамилтон, место уште имаше за Ботас со кој Мерцедес комплетираа еден-два победа и како третопласиран младиот Макс Верстапен од Ред Бул.

Во топ10 уште имаше место и за, Фетел како што рековме на 4. позиција, Рикиардо, Магнусен, Саинц, Алонсо, Перез и Леклер од Саубер.