Mексиканската фудбалерка Лизбет Овале постигна гол каков што ретко се гледа дури и во машка конкуренција.
Овале ја погоди мрежата со „превртена скорпија“ во победата на нејзиниот Тигре од 2-0 над Гвадалахара.
Мексиканката одлично се снајде по нафрлената топка на Шпанката Џенифер Хермосо и ја погоди далечната статива.
Хермосо, која е во центарот на вниманието од 2023 година поради скандалозниот бакнеж со поранешниот претседател на шпанската ФА, Луис Рубиалес, за кој тој беше осуден, во неверување падна на колена.
https://x.com/Copa90/status/1896873054707556651?s=19
Спектакуларен гол на кој би му позавидил и Златан Ибрахимовиќ, специјалист за неверојатни голови.