Мекларен: Ќе ги предизвикаме големите момци во Ф1!

Мекларен се надева дека во 2022 година ќе има сериозно добар болид, со кој ќе ги „вознемирува“ и предизвика големите момци од Ф1, Мерцедес, Ферари и Ред Бул.

Последните неколку сезони британскиот тим има нисколигашки болид, односно болид со слаба компонента која не е на рамниште на посилните тимови, па затоа се надеваат дека во иднина ќе создадат болид кој ќе ги предизвика останатите тимови.

2022 е годината од која најмногу очекуваме. За 2021 би сакале да ја прескокнеме, но во 2022 би сакале да ги предизвикаме големите момци, сакам да ги вознемириме сите тимови кои конкурираат за титулата“, истакна Зак Браун.

Клучно за Мекларен околу тоа колку поскоро може да биде подобар е набавката на мотори од Рено, а бидејки соработката не е сигурна, неизвесно е како и колку ќе напредува Мекларен идната сезона.