Мекинро: Она што го стори Ѓоковиќ..

Екс американскиот тенисер Џо Мекинро, остава во неверување поради она што му се случуваше деновиве на Новак Ѓоковиќ.

Познато е дека два пати му беше укината визата за престој во Австралија, а на крајот властите и го протераа од земјата.

Па токму на таа тема, во последното интервју, зборуваше Мекинро:

Тоа е потполна шега, се она што се случуваше деновиве. Тажно е како сето тоа се заврши. Гледав во живо и не ми се верува, типот кој го изиграва Џо Бајдер, рече: Сакам да знам што се случува со Новак Ѓоковиќ, тоа е да кажеме два часа пред да одлучат да го депортираат“.

„Па човекот го освои девет пати овој турнир, имаше карактер да оди по овој пат и морам да му оддадам признание. Јас имам седум гренд-слем трофеи, тој има 20 и причина е фактот што е подготвен на ризик и го направи тоа. Тој имаше мадиња да оди и да каже, не се вакцинирам“, истакна Мекинро.