МЕКИНРО: Медведев го направи тоа што не сакаше Ѓоковиќ

Младиот руски тенисер Данил Медведев ја одбележа американската тениска турнеја и многумина го гледаат како потенцијален ривал на Надал во финалето на УС Опен.

Но, освен со своите успеси, тој го одбележа последниот Гренд слем со една реакција кон публиката во Њујорк. Потоа изјави дека им е благодарен на гледачите затоа што со своите свирежи му даваат дополнителна енергија.

„Медведев е играч каков што ни е потребен бидејќи е подготвен за предизвиците. Ја прифати улогата на лошо момче со отворени раце. Тој е пример како нешто негативно се претвора во позитивно. Тоа е улога која Новак Ѓоковиќ не сакаше да ја прифати иако ги имаше сите услови за тоа. Тој го сака респектот кој го уживаат Федерер и Надал“, изјави поранешниот тенисер Џон Мекинро.

Во своето прво полуфинале на Гренд слем турнирите, Медведев ќе игра со Григор Димитров од Бугарија.