Мекинро како да го прецрта Ѓоковиќ за Ролан Гарос: Мојот фаворит е друг тенисер!

Иако во моментов Рафаел Надал можеби не е комплетно опоравен од повредата која го мачи извесен период, сепак, луѓето во тенисот го сметаат за фаворит.

Според зборовите на Мекинро, Рафаел Надал доколку остане во добра кондиција и без да го мачат повредите во Париз, тој е фаворит и повторно ќе го освои трофејот.

Единствена причина поради која Надал не би бил фаворит годинава е тоа што тој имаше неколку врсти на повреди. Меѓутоа, би било незамисливо да не го ставите во фаворитите, бидејки тој овде има 13 титули“, истакна Џон Мекинро.

Шпанецот минатата година во полуфиналето беше поразен од Новак Ѓоковиќ, а тоа беше всушност негов втор пораз во Париз последните 10-15 сезони на овој турнир, што е запрепастувачки податок.