Мекиќ со Задар во финалето од хрватскиот плејоф

Репрезентативецот Адем Мекиќ има голема шанса на титулите од македонското, да додаде и една од хрватското првенство откако со својот Задар обезбеди пласман во големото финале од тамошниот плејоф.

Во полуфиналната серија, Задар без поголеми проблеми го елиминира бранителот на титулата Цибона со 2-0, а во вториот дуел, одигран вечерва во Загреб, славеше со 85-70. Најефикасен беше поранешниот играч на МЗТ Скопје, Хуан Дејвис со 17 поени, а Мекиќ постигна 5 поени со 2 скока.

Во финалето, Задар ќе игра против Сплит, а првиот натпревар се игра во Грипе, на 30 мај. Мекиќ има шанса да го тргне по патот на Тодор Гечевски кој со Задар има две шампионски титули, освоено во 2005 и 2008 година.