МекГрегор со жесток одговор кон Нурмагомедов: Да се борам со човек кој користи стероиди и носи вода?

Не се чекаше долго на одговор од Конор МекГрегор, откако Абдулманап Нурмагомедов, (татко на Хабиб Нурмагомедов) изнесе свое мислење околу тоа кој би требало да биде негов иден противник.

Ирецот одговори во свој стил, истакна дека одбива било каква опција за таква борба и го образложи тоа.

Откако Нурмагомедов рече дека Ислам Макхачев треба да влезе во дуел со Конор МекГрегор, Ирецот одлучи да одговори исто.

Имам почит кон твоите методи на тренинзите и кон се тоа што досега си направил. Но морам да се насмеам на споменот на тоа како еден човек кој ми носеше вода, сега може да ми биде потенцијален противник“, напиша МекГрегор на Твитер.

Немам намера да влетам во спортска борба со докажан лажго, човек кој користи стероиди“, се надоврза Ирецот.