Мегвајер е готов, неделава Јунајтед тргнува по уште едно големо засилување

Откако го обезбеди трансферот на Хари Мегвајер, Манчестер Јунајтед интензивно ја подготвува понудата за португалскиот репрезентативец Бруно Фернандес.

Откупната клаузула во Спортинг Лисабон изнесува 90 милиони фунти, но премиерлигашот планира да понуди 50 милиони. Независно од тоа дали Пол Погба летово ќе си замине Фернандес е потенциран како најголема желба на Оле Гунар Солскјер во средниот ред.

Тешко дека Спортинг ќе ја прифати оваа понуда, но Јунајтед има уште 23 дена за преговори пред крајот на преодниот рок во Англија.