Мегвајер бил втор избор: Јунајтед бил одбиен за друг стопер пред крајот на преодниот рок

Манчестер Јунајтед бил решен летово да го собори светскиот рекорд за најскап дефанзивец во историјата.

Тоа го направи со Хари Мегвајер кој од Лестер дојде за 80 милиони фунти, но во исто време течеле преговори за Калиду Кулибали од Наполи. Јунајтед понудил 82 милиона за Сенегалецот, но сопственикот на калчолигашот Аурелио де Лаурентис одбил.

Преодниот рок трае до 2 септември, можеби Наполи ќе го продаде својот фудбалер, но тој сигурно нема да стане нов играч на Манчестер Јунајтед.