Мегваер се жали: Знам зошто се пишува и плука по мене – причината ми е позната

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, често е на удар од јавноста и навивачите, поради лошите изданија во дресот на „црвените ѓаволи“.

Но како што стојат работите, тоа многу не го засега. Клубот од Олд Трафорд, пред три години го ангажираше англискиот репрезентативец од Лестер, за неверојатни 87 милиони евра, меѓутоа многумина сметаат дека нема да има среќа Јунајтед со него, што делумно покажува истатистиката.

Не размислувам за тоа што зборуваат луѓето за мене. Ако можат да направат приказна за мене, а јас сум капитен на Јунајтед, тогаш тоа е голема вест, тоа го прават за кликови сите големи медиумски куќи“, истакна Мегваер.

Јунајтед за неговиот трансфер на Лестер му плати 80 милиони евра, што за еден дефанизивец и не се баш малку.