Мегваер јасно порачал на челниците на Лестер во кој клуб сака да замине

Хари Мегваер би можело да стане прва ѕвезда на летниот трансфер рок во Англија, под услов челниците на Лестер да му ја исполнат желбата.

Англискиот репрезентативен е голема желба на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, и нема намери да остане во Лестер.

Минатото лето Мегваер беше близу до трансфер во Манчестер Јунајтед, но до истиот не дојде. Сега самиот фудбалер рекол дека не сака да ја направи грешката од лани, кога не го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

Па желбата на Мегваер е повеќе од јасна и тоа е трансфер на „Олд Трафорд“, но останува да видиме дали ќе биде исполнете од Лестер.