Мегваер е прескап, Јунајтед се насочува кон новопечениот играч на Јувентус?!

Јувентус веќе се огласи дека би го ослободиле играчот ако некој плати 40 милиони евра.

Европа беше на нозе оваа недела, конечно добивме расплет во една од најголемите сапуници ова лето. Матијс де Лихт одлучи во следниот период да ги брани боите на Јувентус.

Меѓутоа, ова го комплицира животот на останатите дефанзивци на „Старата дама“, најмногу на свежото засилување од Сасуоло Демирал. Турчинот пристигна кон почетокот на јули, „Старата дама“ плати за него 18 милиони евра, а сега бара двојно повеќе доколку одлучат да го продадат. Милан се распрашуваше, но предложија позајмица со откуп што шампионите на Италија го одбија.

Сега според пишувањата на италијанските медиуми во трката за Турчинот влегол и Манчестер Јунајтед. Првичната мета Хари Мегваер од Лестер е прескап, „Лисиците“ бараат околу 80 милиони евра за стоперот на англиската репрезентација. Челниците од „Олд Трафорд“ мислат дека подобра работа можат да направат со Демирал кој е двојно поевтин, но и помлад.

Останува да се виид во следниот период каква ќе биде судбината на турскиот дефанзивец по доаѓањето на Де Лихт, а тука се и староседелците Кјелини, Бонучи, Ругани, прашање е колкава минутажа ќе добие поранешниот стопер на Сасуоло.