Меѓу протестантите кои влегоа во Конгресот се најде и поранешен играч на Барселона!

Незамисливи сцени синоќа станаа реалност во главниот град на САД. Во зградата на Капитол влетаа неколку стотина поддржувачи на Доналд Трамп со цел да го спречат именувањето на Џо Бајден за нов претседател на САД.

Меѓу протестантите кои гордо се фалеше дека е заедно со Трамп е и поранешниот играч на Барселона, Дејвид Вуд, кој настапуваше за кошаркарската секција на каталонскиот гигант.

Вуд за Барселона играше во сезоната 1989/1990 кога овој тим ја освои шпанската лига и беше вицешампион на Европа.

Un exjugador del Barcelona entre los manifestantes del Capitolio - AS.com

Откако ја заврши својата кариера, тој стана познат по своите ултраконзервативни ставови, што го докажа и синоќа со својата појава на протестите и влегувањето во Капитол.

Preload enlarged photo

Инаку, по неколку часа откако ситуацијата се смири, американскиот Конгрес утринава и дефинитивно го прогласи Бајден како победник на претседателските избори.