Мега-засилување за вицешампионот: Самарџиски слета во Аеродром

По три ипол годишна пауза, македонскиот кошаркарски репрезентативец, Предраг Самарџиски (32 год., 215 см.) повторно ќе го облече дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со нашиот тим со важност до крајот на сезоната.

Центарот се враќа во добро позната средина, каде што настапуваше во сезоната 2014/15 во која дојде до шампионската титула со „металците“. Тој минатите две сезони беше кошаркар на Мега Лекс, додека во „Јане Сандански“ доаѓа како слободен агент и се очекува да ја пополни празнината во рекетот поради подолгото отсуство на Љубомир Младеновски, кој веќе втор месец се рехабилитира по скршеницата на раката, а која заздравува побавно од очекувањата. Пред нашиот тим е серија тешки натпревари, поради што се надеваме дека искуството на Самарџиски и тоа како ќе ни помогне во играта под двата коша.

Корпулентниот центар кариерата ја почна во екипата на Водњански лисици, а уште како тинејџер замина во белградски Партизан. Досега има играно уште и за екипите на ФМП, Црвена звезда, Литвос Ритас, Олин Едирне, Мерсин, ТЕД Анкара и Бујукчекмече. За репрезентацијата на Македонија почна да игра во 2008 година, а последниот настап во жолто-црвениот дрес го имаше на ЕП 2015 година во Загреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И големите знаат да пуштат некоја солза – Антетокумпо доби МВП награда па се расплака!

МЗТ Скопје потврди – како и годинава, така и во новата сезона: Ќе игра во АБА2

ВИДЕО: Страшен баскетчија – некогаш го носеше дресот на Кожув, сега пали и жари во баскет

Родман објасни зошто се уште му нема рамен на Мајкл Џордан во НБА лигата

Македонец ќе биде селектор на Бугарија!?

МЗТ Скопје: Зад нас се пеколни десет месеци, но подготовките за новата сезона почнуваат уште денеска

(ВИДЕО) Прославата се претвори во хаос: Стампедо и пукање во Торонто!

(ФОТО) НБА ѕвездата се врати на одмор, па по своето село се вози со трактор

„Езерџиите“ во транс – го добија посакуваниот трансфер, реакција и на Леброн Џејмс