Медведев: Знам дека Ѓоковиќ ќе биде мотивиран да ме победи во финалето

Рускиот тенисер Данил Медведев е свесен дека го чека неверојатен предизвик против Новак Ѓоковиќ во финалето од мастерсот во Париз, но истакна дека се радува на таа пресметка.

Новак Ѓоковиќ пласманот во финале го осигура со уште еден рекорд, седми пат во кариерата годината ќе ја заврши како првопласиран на АТП.

Сите знаеме кој е Новак и кои се неговите цели. Јас настојувам да ги следам најдобрите, како што се тој, Рафа и Рожер. Секој пат кога го гледам на теренот, дури и при егзибиционен натпревар, јас сакам да го победа. Сакам да победувам, неважно е дали станува збор за видео игра или тенисот“, истакна Медведев.

Во меѓусебни дуели, Ѓоковиќ води со 5:4, а годинава два пати играа, на Австралија Опен во финалето победи Ѓоковиќ, додека овој му врати на УС ОПЕН исто така во борба за титулата.