Данил Медведев не успеа да се пласира во финалето на АТП турнирот во Торино.
Јаник Синер беше подобар од него со 6:3, 6:7 (4), 6:1, па на тој начин си го обезбеди своето прво финале на завршните турнир од втор обид, откако минатата сезона беше запрен во групната фаза.
Медведев на почетокот од обраќањето до медиумите, објасни што се случувало во третиот гем од третиот сет, кога се расправаше со дел од навивачите.
– Искрено, тоа не е ништо, ја загубив главата, претрпев брејк, публиката беше добра цела недела. Нормално е луѓето да бидам со него, а кога и јас имав добри потези и јас добивав аплаузи. Генерално, беше добро, добра енергија, затоа и сме благодарни на публиката. Навиваа повеќе за него кога јас правев грешки, така да, поради тоа, јас ја загубив главата.
– Во одредени период од натпреварот, сервисот не ми беше добар и затоа резултатот е таков каков што е. Јас бев уморен, а тој одигра добро и му честитам“, порача Медведев.