Медведев со порака пред финалето: Јас сум предизвикувач, Ѓоковиќ има 8 титули!

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев ќе се борат денес за тронот во Австралија Опен.

Во финалето кое почнува во 09:30 часот, несомнено дека Новак Ѓоковиќ е фаворит, но ни под разно, не смее да се потцени Данил Медведев.

Српскиот тенисер ја брани титулата овда и е во поход на 9-та титула во Мелбурн, додека рускиот тенисер го игра своето второ Гренд слем финале и се надева на првиот голем успех.

Медведев е во неверојатна серија на победи и тоа изгледа дека денес ќе биде предизвик за Новак Ѓоковиќ.

Јас сум тој кој е предизвикувач, тенисер кој предизвикува голем шампион кој овде дури осум пати освоил титула. Среќен сум поради тоа, нема што да загубам, одам да покажам квалитет против Ѓоковиќ“, истакна Медведев пред натпреварот.