Медведев сепак „против“ Ѓоковиќ, а „за“ Рафа Надал!

Противникот на Новак Ѓоковиќ од последниот турнир во Париз, Данил Медведев, смета дека оваа календарска година, поконкурентен тенисер бил Рафаел Надал.

Тој доби прашање во кое треба да се одлучи меѓу шпанскиот колега и Новак Ѓоковиќ, па понуди свое видување.

Мислам дека сите можат да кажат дека Надал годинава беше најдобар. Беше поконстантен и имаше одлични резултати. Освои многу титули, вклучувајки два Грен слем турнири, Надал сигурно беше подобар“, рече Медведев.

Рускиот тенисер и шпанскиот ќе се состанат во првата фаза од натпреварувањето на завршниот мастерс во Лондон, каде ќе се крои и конечната табела на АТП.