Данил Медведев има вистински спортски дух. Затоа моментално е најдобар тенисер на светот. На таа позиција го наследи Новак Ѓоковиќ, но таа позиција би можел да ја загуби од Рафаел Надал на УС Опен.
Новак не му е закана за првото место, но секако би бил голем фаворит за освојување на турнирот доколку го игра.
Медведев искоментира дека би го сакал Новак на УС Опен и оваа година.
„Американската влада е таа што ги носи мерките, јас не можам да помогнам таму. Меѓутоа, ако ме прашувате мене, ако јас одлучувам, секако дека би сакал да игра Новак. Најголемите турнири ги заслужуваат најдобрите играчи, а Ѓоковиќ е еден од нив. Неговото ривалство со Рафаел Надал е толку интересно. И јас сакам да играм со најдобрите затоа што тоа е мојата мотивација. Би сакал Новак да дојде, ако не може што да правиме. Сите ќе дадеме се од себе за да го освоиме УС Опен“, рече Медведев.