Медведев: Одлично е што јас и Тим ги исфрливме двајцата најдобри во светскиот тенис!

Рускиот тенисер Данил Медведев и Австриецот Доминик Тим ќе се сретнат во финалето на завршниот Мастерс во битка за трофејот.

Тие во полуфиналето ги срушија Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, што само по себе е сензационално, но добро за тенисот, бидејки почнува процес во некое блиско време за смена на генерацијата.

Па тоа е одлично за тенисот, да играме ние двајца во финалето“, истакна Медведев по победата.

Тој посебно нагласи дека Ѓоковиќ и Надал несомнено се двајцата најдобри тенисери во овој спорт.

Одлично е што успеавме да ги победиме двајцата најдобри тенисери во историјата на овој спорт“, порача Медведев.

Финалето е денес со почеток од 19 часот.