Медведев ја „купи“ публиката на УС ОПЕН: Ви благодарам, но ви должам и едно извинување

Рускиот тенисер Данил Медведев, комплетно ги освои симпатиите на публиката во Америка, откако одигра фантастичен меч, меч на кариерата веројатно, кој го загуби за малку.

Тој е дебитант во едно Гренд слем финале, и воопшто не се посрамоти, напротив, покажа потенцијал за голем иден шампион во Гренд слем статистиките.

Русинот по мечот буквално им се извини на навивачите кои беа присутни 5 часа на главниот терен.

Да бидам искрен, во третиот сет размислував само што ке кажам за 20 минути, кога ќе загубам. Но тоа ме одведе на друга страна. Тоа што Надал го направи е нешто неверојатно, затоа го сакаат младите фанови. Што се однесува до публиката овде, реков некои неубави работи, сега мора да кажам нешто друго и да се извинам. Се борев максимално за секоја топка, а тоа е благодарение на вас. Иако ме свиркавте на моменти, сепак и јас сум човек кој греши и сака да се извини и ви благодарам за се“, констатира Медведев.