Медведев испушти уште една шанса, Ѓоковиќ ќе се „заборави“ на чело на АТП листата

Рускиот тенисер Данил Медведев доживеа елиминација во осминафиналето од Мастерсот во Индијан Велс и со тоа пропушти можност да го симне Новак Ѓоковиќ од првото место на АТП листата.

Со евентуална титула на овој турнир, тој ќе ја заземеше челната позиција на 1 ноември и на неа ќе останеше една недела, но со големи шанси да се врати таму по завршниот турнир од сезоната, во Торино. Со ова, Ѓоковиќ си го обезбеди првото место барем о 22 ноември со што ќе стигне до 347 недели како лидер на АТП листата.

Со оглед на тоа што Медведев ја брани титулата на Мастерсот во Париз, извесно е дека, ако нема поголеми изненадувања, Ѓоковиќ ќе остане на првата позиција до крајот на оваа година.