Медведев: Ѓоковиќ е опседнат тенисер!

Данил Медведев верува дека големиот спортист Новак Ѓоковиќ својата енергија и истрајност ја црпи од неговата преокупација и опседнатост дека мора да ги сруши сите рекорди.

Поголемите рекорди на големите турнири се скоро срушени од српскиот ас, а Медведев трврди дека Ѓоковиќ ќе игра се додека не сруши се што може да досегне во кариерата.

Новак е опседнат тенисер, тој сака да ги руши сите рекорди кои постојат, тоа и понатаму се обидува да го постигне. Ролан Гарос единствено му е тежок турнир поради Надал, но се останато, се е негово. Би сакал и јас да ја имам неговата мотивација и јас да поставувам рекорди на сите турнири“, тврди Медведев.

Рускиот тенисер Медведев е моментално на Индијан Велс, а жрепката го раздвои од Карлос Алкараз.