Медведев е шампион со карактер: Се извини за поразот на Ѓоковиќ и го посвети трофејот

Рускиот тенисер Данил Медведев успеа да спречи Новак Ѓоковиќ да го освои рекордниот 21. Гренд слем трофеј, па тој се запиша на УС ОПЕН како прв голем трофеј кој го освоил.

Тој на пресконференцијата по натпреварот, објасни дека во моменти од натпреварот не можел дури ни да оди добро и дека бил на работ да губи лесни поени.

Во последниот сет на 5:3, започнаа грчевите кај мене, скоро да не можев да одам. Доколку ги видите снимките, кога дојдов до пешкирот, моите нозе едвај да се мрдаа. На 40:15 имав две сет топки, размислував да одам на ас, но следуваше голема двојна грешка, потоа повторно си реков, обиди се да погодиш на прв сервис и успеав. Среќен сум поради тоа, но тажен и жалам што растурив ситуација Ѓоковиќ да освои трофеј, знам зошто неговите навивачи посакуваа триумф“, порача Медведев.

Првиот освоен Гренд слем трофеи и го посвети на сопругата за годнишнината од бракот.