Мечот беше прекинат неколку минути, поради објаснување од тенисерка до главниот судија

Младата американска тенисерка Коко Гауф, имаше жолчна расправија со судијката на Ролан Гарос која доаѓа од соседството, од Србија.

Гауг рутински одработи два сета против тенисерката од Канада, Ребека Марино, а мечот беше одбележан со вербално препукување на Американката со српската судијка.

Судијката Маријан а Вељовиќ, неколкупати ја предупреди Коко Гауф поради „коучинг“ од нејзиниот татко, нешто кое го добила за врмее на натпреварот. Но тоа не и легна добро на Американката.

Немаме никакви тајни сигнал, така да не знам што сакаш од мене, што да му кажам…. Немаше никаков „коучинг“, не знам што сакаш да направам“.

Но американската тенисерка не запре тука, се обиде да и објасни на судијката за својот однос со татко и:

Јас му зборувам дека тој не треба да ми дофрла, уште кога бев 8 години. Затоа сум шокирана, му велам да не ми дофрла ништо. Не можам да го контролирам, верувај ми. Знам дека ме обвинуваш, но ова е прв пат некој судија да ми префрли за ова нешто“, истакна Американката.